Вести

Во судир на автобус и автомобил  на автопат 21 лице повредено

Во судир на автобус и автомобил на автопат 21 лице повредено

Во судир на автобус и автомобил на автопатот Куманово-Белград , кај клучката за Крива Паланка , 21 лице е повредено.

Сообраќајката според информациите од МВР се случила синоќа во 21.50 часот на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, пред клучка за Крива Паланка, помеѓу автобус „крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.
Во незгодата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

admin

January 28th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *