Вести

Вкупно 292 тешки сообраќајки  со две жртви имало минатата година во Куманово

Вкупно 292 тешки сообраќајки со две жртви имало минатата година во Куманово

Вкупно 292 сообраќајни незгоди со тешки последици  се случиле на подрачјето на Општина Кумановово во текот на 2017 година,  објави Министерството за внатрешни работи.

Според статистиката на МВР во незгодите во кумановско страдале вкупно 447 лица, а две лица го загубиле животот. Со тешки телесни повреди завршиле вкупно 57 граѓани во вкупно 290 тешки сообраќајки, а со поленси повреди се здобиле 388.

Од сите случени сообраќајни несреќи во Куманово во текот на изминатата година причинета е материјална штета во износ од 8,8 милиони денари.

Во Крива Паланка регистрирани се 34 сообраќајни незгоди со тешки последици, а двајца ги загубиле своите животи, тешко повредени биле 5, а полесно 43 лица.

Во Кратово се случиле 11 потешки сообраќајки, во кои едно лице загинало, а 16 се тешко повредени.

Севкупно на територијата на државата биле регистрирани 4.019 тешки сообраќајни незгоди во кои загинале 137 лица, а причинета била материјална штета од 116 милиони денари.

admin

February 16th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *