Вести

Две од 14 лица повредени  во сообраќајната незгода кај НАТО клучка во Куманово со тешки телесни повреди

Две од 14 лица повредени во сообраќајната незгода кај НАТО клучка во Куманово со тешки телесни повреди

Во сообраќајната незгода  кај местото викано НАТО клучка во Куманово на автопатот Табановце – Куманово, 14 лица се повредени од кои две се со тешки телесни повреди, соопштуваат од СВР Куманово.

land rover 1

Со тешки телесни повреди се здобиле двајца албански државјани, М.М. возачот на патничкото возило „Ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.

22

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле уште 12 лица на кои им е укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово.

Сообраќајната несреќа се случи вчера во 17:10 часот, а во неа учествуваа „Ленд ровер“ со национални ознаки од Република Албанија, автобус МАН со гостиварски регистарски таблички, управуван од Е.И., а во кој се превезувале 56 патници и патничко моторно возило „Рено лагуна“ со штипски регистарски таблички, управуван од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип. Увид во сообраќајната несреќа извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

admin

July 17th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *