Вести

Кумановец загина во сообраќајна несреќа, 26 возачи откриени како возат пијани, а еден автомобил превртен на кров

Кумановец загина во сообраќајна несреќа, 26 возачи откриени како возат пијани, а еден автомобил превртен на кров

Едно лице загина во сообраќајна несреќа , еден возач се превртел со автомобил на Трета македонска ударна бригада, а 26 воачи биле фатени од полицијата како возеле пијани. Оваа е информацијата за изминатите 24 часа на подрачјето на Општина Куманово.

Триесет и шестгодишен кумановец го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“, вчера во 14:30 часот, Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ноќеска на булеварот Трета македонска ударна бригада едно возило се превртело , за среќа без жртви.

Полицијата ноќеска открила 26 возачи од подрачјето на СВР Куманово, кои во периодот од 22.00 до 04.00 часот по полноќ, управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите сектори за внатрешни работи и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Најмногу возачи кои управувале возила под дејство на алкохол биле откриени на територијата на СВР Скопје – 46, СВР Битола – 31, СВР Струмица – 27, на подрачјето на СВР Куманово – 26, на СВР Тетово – 20, на СВР Велес – 19, СВР Штип – 17, СВР Охрид – 12, а 16 биле откриени од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Притоа, вкупно кај 214 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, а на 193 од нив им биле одземени возачките дозволи.

Откриени се и 147 останати прекршоци за што се изречени соодветни казни.

admin

November 9th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *