Вести

Општина Куманово доби уште едно пајак возило, по велигденските празници нулта толеранција за несовесни возачи , најави градоначалникот на Општина Куманово

Општина Куманово доби уште едно пајак возило, по велигденските празници нулта толеранција за несовесни возачи , најави градоначалникот на Општина Куманово

Нулта толеранција за несовесните возачи што паркираат на тротоарите, по велигденските празници интензивно општината ќе се справува со нив и ќе ги ослободува тротоарите за пешаците, најави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Тој заедно со претставниците на полицијата, невладините организации и учениците  се договориле да делуваат заедно, прво превентивно да ги опоменат возачите да не се паркираат на тротоарите и да го средат сообраќајниот хаос во Куманово.

“Нема интерес за потенцијални изведувачи на катни гаражи на првиот конкурс кој е повторен и се чека да се јават заинтересиран субјект кој ќе ги направи катните гаражи. Ние не можеме да чекаме и да го толерираме однесувањето на несовесните возачи, а на штета на граѓаните,  мораме да делуваме”- вели Димитриевски.

maksim pajak sluzba

Тој кажа дека е набавено уште едно пајак возило од Скопје. Ќе се делува заедно со полицијата и сите непрописно паркирани автомобили ќе бидат отстранети и апелира до граѓаните да не паркираат на тротоарите.

Најфреквентните сообраќајници во централното градско подрачје ќе  имаат приоритет,  а ќе се делува на булеварите Трета Македонска , Октомвриска револуција, на улиците Народна револуција, Гоце Делчев и 11 Октомври, а граѓаните имаат право секаде каде има прекршување на сообраќајните правила да се јават на 192 и да ги пријавуваат несовесните возачи.

“Ќе мораме да се научиме да ги паркираме нашите возила таму каде им е место, а да им дадеме предност на пешаците да ги си ги користат тротоарите. Општината има сериозни проблеми со сообраќајот бидејќи капацитетот на сообраќајниците е за 7 000 возила, а во градот имаме 27 000 , затоа сите треба да се залагаме и да бидеме совесни и одговорни”- , порача градоначалникот на Општина Куманово , Максим Димитриевски.

 

 

 

 

admin

April 3rd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *