Вести

Димитриевски : Сочувство до семејставата на починатите од Ковид 19

Димитриевски : Сочувство до семејставата на починатите од Ковид 19

Сочувство до семејставата на починатите кумановчани изрази градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

,,Во Куманово имаме 141 позитивен на корона вирус од кои за жал 9 починати, изразувам сочувство до семејствата на починатите, особено на семејствата кои имаат загубено дваица членови. Апелирам на смиренст до сите семејства и сите заболени од коронавирус , ние сме заедно во оваа борба и мораме заедно да се избориме”- вели Димитриевски.

Поради голем број на позитивни лица, вработени во општата болница во Куманово градоначалникот Димитриевски со штабот за заштита и спасување бараат од комисијата за здравство да го затвори одделението за акушерство и гинекологија при општа болница Куманово.
,,Барање до Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за COVID 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во центарот за јавно здравје во Куманово, вели Димитриевски.

Тој бара од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и Институтот за јавно здравје- Скопје да даде приоритет на тестовите за здравствените работници на Општина Куманово, бидејќи од поголемиот број на брисеви коишто се испратени за анализа резултатите не стигаат навремено, со што се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

Igor Andonovik

April 9th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *