Вести

Успешно реализиран проектот “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво”

Успешно реализиран проектот “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво”

Со завршна пресконференција беше презентирана имплементацијата на проектот “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво ” кој се работеше 18 месеци.
Проект менаџерот Оливер Трајковска вели дека се задоволни од постигнатите резултати на проектот и дека со постигнатите резултати се мотивирани целиот тим кој работел на проектот да продолжат со работа.

“Во текот на имплементацијата на проектот многу лица се вработија или почнаа хонорарно да работат, а има млади кои работат како волонтери во повеќе граѓански организации.
Работевме со најранливата категорија на социјални групи, а со професионалниот тим успеавме да ги мотивираме да ги квалификуваме да ги вклучиме и обучиме во дигитален маркетинг , социјално претприемништво , а дел од нив изработија и бизнис планови и имаа можност да патуваат во република Бугарија и да посетат социјални претпријатија и веќе имаат осова со која стануваат конурентни на пазарот на трудот, – вели проект менаџерот Оливера Трајковска.
Проектот е финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори , Министерство за финансии на Република Македонија, во рамки на грантовата шема за имплементирање проекти насочени кон зголемување на конкурентоста на земјите кориснички, а истиот се имплементира од страна на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Мултиеничка организација на жени ЛИНДА Куманово.

admin

June 13th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *