Вести

Внимателно надвор по ледени и неисчистени улици (фото)

Внимателно надвор по ледени и неисчистени улици (фото)

Бремените жени и хронично болните лица над 60 години денеска и утре да бидат ослободени од работа, а за работните на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по здравјето на овие лица, препорача Министерството за здравство.

За работниците,  кои што работат на отворено,  треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје.

Од среда се очекува благ пораст на температурите, а до тогаш внимателно по улиците и тротоарите.

admin

January 9th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *