Вести

Работник тешко се повредил, паднал од скала додека сечел гранки

Во несреќен случај , Ѓ.Т. од Младо Нагоричане е тешко повреден откако вчера паднал од скала додека ги извршувал работните задачи. Од полицијата информираат дека Ѓ.Т., кој работи како хигиеничар во „Југ Турист“ се качил на дрвена скала и со рачна пила сечел гранки на дрво во круг на автобуската станица во Куманово, при што паднал од истата. Поради тешките повреди, работникот бил задржан во Хирушко одделение во Куманово. Увид на местото на настанот извршила полицијата и Инспектор за заштита на живот и здравје при работа, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Igor Andonovik

January 29th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *