Вести
Нови семафори на Октомвриска револуција
Нова светлосна сигнализација се поставува на булеварот Октомвриска револуција во Куманово. Семафорите ќе бидат поставени на крстосницата кај спортската сала во Куманово. Оваа крстосница претставува една од критичните точки во градот по бројот на сообраќајните незгоди кои се случуваат тука.
Со поставувањето на семафорите ќе се зголеми и безбедноста на учесниците во сообраќајот, а поголема безбедност ќе има за учениците во средното училиште Перо Наков но и за сите граѓани бидејќи тука е и градскиот кеј кој го користат граѓаните за шетање и рекреација , изјавија од општината.