Вести

Интензивно се чисти снегот од улиците во Куманово

Интензивно се чисти снегот од улиците во Куманово

И денеска екипите од фирмите кои се задолжени за зимско одржување на улиците во градот,интензивно работат на терен.
Досега сите патишта се проодни, освен на одредени места каде има навеви од снег. Улиците се чистат по приоритет,согласно програмата и досега се фрлени околу осумдесет тони сол.
,,Апелираме до сите граѓани да ги исчистат местата пред нивните домови , а сопствениците на дуќаните да постапат согласно законот и да го расчистат снегот пред нивните објекти. Исто така апелираме до граѓаните за помало користење на моторни возила, и нивно поместување од главните сообраќајници како би можело непречено да се исчистат снежните наноси- велат надлежните од општина Куманово и информираат дека службите за чистење ќе работат деноноќно, а во случај на поголеми наноси од снег и непроодност на патиштата, за пријавување Општина Куманово има дежурен телефон 078 365 061.
Исто така денеска и ЈП „Чистота и зеленило„ организираше акција за расчистување на најфрекфентните локации во централното гратско подрачје.
„Ги молиме граѓаните за разбирање бидејќи чистењето се одвива по однапред дефиниран план и приоритет„- велат општинските служби.

admin

January 11th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *