Вести

СДСМ- Кампања без митинзи и без активности од „врата до врата“

СДСМ- Кампања без митинзи и без активности од „врата до врата“

За претстојната кампања која почнува од утре, СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните. Сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска и да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 лица во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“-вели Катерина Пешиќ Бошковска,портпарол на ОО СДСМ Куманово.

,,СДСМ покажа дека не бега од одговорност и носење тешки, но исправни одлуки, дека не бега од проблемите, ниту ги злоупотребува во дневно партиски калкулации, туку се соочува со нив и ги решава во интерес на државата и граѓаните.
Ние сме дел од Вас, граѓаните, тоа го покажавме во изминатиот период, а ќе го покажеме и од утре, со почеток на изборната кампања која ќе ја водиме согласно сите протоколи за заштита.
Нашето делување го ставаме во заштита на нашето здравје и заедничката борба со корона вирусот. Сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности со цел да го заштитиме јавното здравје.
За претстојната кампања која почнува од утре, СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните. Сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска и да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 лица во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.
Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“.
На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме на граѓаните преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација.
Во изминатиот период, сведоци бевме на несовесното однесување на ВМРО ДПМНЕ, како и непочитување на мерките за заштита. Во ваков чувствителен период за сите нас, не смееме да си дозволиме такви пропусти, мора строго да се придржуваме до мерките за заштита, со цел успешно реализирани , фер и демкоратски избори- за нашата иднина и иднината на нашата држава.
Затоа, на 15 ти јули граѓаните ќе имаат едноставен и слободен избор, да продолжиме заедно кон иднината, да градиме, остваруваме, поправме и реализираме, оставајќи ги погубните политики на ВМРО онаму каде што и припаѓаат- во минатото!
На 15ти јули одиме на победа за сите нас, затоа што можеме, сите заедно, уште повеќе и уште подобро”- изјави Катерина Пешиќ Бошковска.

Igor Andonovik

June 23rd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *