Вести

Нема да се одржи Меморијалниот турнир во чест на Мартин Симоновски – Матрикс

Нема да се одржи Меморијалниот турнир во чест на Мартин Симоновски – Матрикс

Меморијалниот турнир во чест на Мартин Симоновски – Матрикс, кој секоја година традиционално го организира Локалниот клуб на СДММ Куманово, сега нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот.

– Сите знаеме дека со години традиционално Локален клуб на СДММ Куманово, организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на нашиот другар, брат, сопартиец Мартин Симоновски – Матрикс. Во име на одговорен Локален клуб на СДММ Куманово, Ве известуваме дека за жал оваа година поради светската пандемија со Корона вирус, нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал, информираше денеска на прес конференција Игор Липковски, организационен секретар на СДММ Куманово.

Липковски апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, а по надминување на здравствената криза турнирот повторно ќе биде организиран.

– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат здравствените мерки и препораки на Комисија за заразни болести, Владата и СЗО за да што поскоро ја надминеме оваа здравствена криза и во иднина повторно да функционираме во нормално темпо и пак да организираме Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски – Матрикс, рече Липковски.

Radio Bum

October 19th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *