Вести

Од жена за жена – Рурална женска мартовска кампања

Од жена за жена – Рурална женска мартовска кампања

Жените од руралните средини велат дека Ковид пандемијата имала негативен ефект врз нивниот живот и врз економската сигурност на семејното земјоделско стопанство, според истражувањето на Рурална коалиција, негативниот ефект имало за 84 % од испитаните жени. Од друга страна, пак, од 160 испитаници, мажи и жени од руралните средини само 28% се изјасниле дека се регистрирани како индивидуални земјоделци, од кои што само 15 се жени.
На прашањето, дали сте користеле поддршка за надминување на последиците од Ковид-19 пандемијата, 92% одговориле негативно. Една од причините зошто е тоа така е дека не се препознаени од системот, односно се невработени, а сепак работат од 9 до 11 часа на нива или на фарма, информираат од Рурална коалиција кои ги презентираа резултатите од последното истражување кое што го реализираше Рурална Коалиција во периодот јануари-март 2021 година со фокус на програмите и мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но разгледувани од аспект на родова сензитивност и колку истите ги адресираат потребите на мажите и жените во секторот.

,,Бидејќи и понатаму жените остануваат невидливи и се дел од неформалната економија, па не се препознаени ниту од системот ниту од државата, Рурална Коалиција во соработка со партнерските организации „Вредни Росомански Раце“, од Росоман и „Радика-Де“ од Дебар организираат промотивна кампања насловена „Од жена за жена“, по повод месецот на жената и родовата рамноправност.
Со оваа кампања сакаме да испратиме силна порака од жените од руралните средини за нивната потреба од економско зајакнување во услови на пост-Ковид ситуација. Но, не само тогаш. Ако ние го имаме квалитетот, го имаме домашното производство, ја имаме храната произведена и преработена со рацете на овие жени, па тогаш нели е тоа доволно за да станат видливи, но во исто време и економски силни, вели Лилјана Јоноски,извршен директор на Рурална коалиција.

,,Има многу мерки како да се направи тоа, а ние решивме да почнеме од самите себе, односно купуваме, подаруваме, промовираме производи кои што самите жени ги произвеле. Кампањата се слушуваше во периодот од 08 до 12 март 2021 година во сите осум плански региони. Во Североисточниот плански регион во последните неколку години забележан е тренд на опаѓање на бројот на регистрирани индивидуални носителки на семејни земјоделски стопанства па така споредено со 2016 година кога имало 2572 жени, во 2019 година тој број е намален проближно за 300 жени, па сега истиот изнесува помалку од 2.442 жени, регистрирани како носителки на стопанствата. За да се спречи ваквиот негативен тренд, но и да се поттикне претприемачкиот дух на жените од руралните средини традиционални производи од волна, како и традиционални слатка беа поделени во селата Пчиња, Ново Село, Драгоманце, Љубодраг, како и во самиот град Куманово. Дополнително, преку постери и флаери ќе ја запознаеме пошироката јавност со традиционалните производи, со резултатите од истражувањето, но и ќе ја пренесеме пораката дека родовата еднаквост и економска моќ на жената ни е потребна повеќе од било кога претходно. На сограѓаните ќе им поделиме маски како потсетник дека и понатаму треба да останеме безбедни и да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на тие околу нас.
Нека ваквата мартовска кампања биде посетник за сите нас дека жените од руралните средини се клучот за одржливоста на руралните средини и дека поддршката на секој од нас за нив е важна. Тоа е и единствениот пат како да се излезе од сенката на невидливоста, вели Јонски.

Radio Bum

March 12th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *