Вести
Почина уште едно лице од тешко повредените во експлозија на плинска боца во Романовце
Петтата жртва во експлозија на плинска боца која се случи во неделата во село Романовце е 36-годишната пациентка , кој три дена се бореше за живот во Клиничкиот центар во Скопје со тешки изгореници од 80 %, кои предизвикале понатамошни компликации на виталните органи.
Денес во 13:20 часот и покрај максималниот ангажман на медицинските тимови, како резултат на сериозните повреди 36 -годишната пациентка починала.
Состојбата на другите двајца повредени е сè уште критична , сопругата од 45 години и мажот од 50 години се на апарати за дишење “- информираат лекарите од клиничкиот центар .
Во кома се и 30-годишник со над 80% изгореници и 10-годишно момче со изгореници од трет степен, кои се лекуваат во одделите за интензивна нега во градската болница во Скопје.
Лекарите, велат дека се направени подобрувања кај 28-годишната бремена жена.
Како резултат на оваа трагедија, три деца и нивниот дедо ги загубија животите.
Сега починатата, беше мајка на починатиот Суејла Бајрами, кој го загуби животот на местото на настанот, пренесува АЛСАТ.