Вести

Максим Димитриевски со 11 450 гласови повеќе од Зоран Ѓорѓиевски

Максим Димитриевски со 11 450 гласови повеќе од Зоран Ѓорѓиевски

За прв пат во Куманово градоначалник ќе биде избран во прв круг 

На локалните избори 2017 година според најновите информации на Државната изборна комисија, излезеност до 19 часот била  54 ,03 проценти, а гласале 50 050 лица со право на глас, од вкупно 92 764 лица колку се запишани во избирачки список.  Обработени се сите податоци информираат од ДИК.

За Максим Димитриевски гласале 26 289 или 52 , 53 проценти од гласачите. За Зоран Ѓорѓиевски гласале 14 839 или 29, 65 проценти од гласачите.

Со 11.450 гласови повеќе Максим Димитриевски е победник на локалните избори во Општина Куманово и најверојатно веќе по првиот круг ќе седне во градоначалничкото столче. За прв пат на шестите локални избори во независна Македонија во Куманово градоначалникот ќе биде избран во првиот круг.

Минимална разлика има кај кандидатите од БЕСА и Алијансата на Албанците. Вкупно 2.950, односно 5,89% од гласовите ги освоил Башким Османи од Алијансата на Албанците, додека со 2.925 гласови (5,84%) на четвртото место е Дритон Сулејмани од БЕСА.

Најмалку гласови, односно само 524 освоил кандидатот на ДПА, Бесник Мемети, за кого гласале 1,05% од гласачите.

Што се однесува до гласањето за советници, листата на СДСМ има освоено 43,48% од гласовите или вкупно за нивната листа гласале 21.760 гласачи. По нив се ВМРО-ДПМНЕ со 29,47% од гласовите, односно за листата на оваа партија гласале вкупно 14.752 гласачи.

Левица има освоено 1.244 гласови, односно 2,49% од гласачкото тело ја дало довербата на нивната советничка листа.

Од албанските партии најголем број од гласовите ги освоила советничката листа на ДУИ, која има 7,78% од гласовите, односно вкупно 3.894 гласови. Следува БЕСА со 5,69% од гласовита, Алијанса на Албанците со 4,92%, Алијанса за Албанците со 1% и ДПА со 0,74% од гласовите.

admin

October 16th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *