Вести

Стево Пендаровски е новиот претседател на Македонија

Стево Пендаровски е новиот претседател на Македонија

Според извештајот на Државната изборна комисија по 100 проценти обработени податоци, најмногу гласови на претседателските избори во вториот изборен круг освоил Стево Пендаровски 436.212 или 51,66 проценти наспроти кандидатот Гордана Сиљановска Давкова која освои 377.713 или 44,73 проценти.

На територија на државата од вкупно 1.808.131 евидентирани избирачи со право на глас, на претседателските избори гласале 844.365 или 46,70 проценти излезност. Важечки ливчиња биле 813.925, а неважечки 30.442.

На територија на Општина Куманово од вкупно 92.839 запишани избирачи , своето право на глас го оствариле 41.190 или 44,37 проценти со 1.560 неважечи ливчиња. Во Куманово најмногу гласови освоил Стево Пендаровски 22.056 или 53,55 проценти, а Гордана Сиљановска Давкова освоила 17.575 или 42,67 проценти од гласовите.

Во Општина Старо Нагоричане на гласање излегле 1.765 од вкупно 3 333 евидентирани гласачи, а најмногу гласови освоила Гордана Сиљановска Давкова 929 или 52,63 проценти, а за Стево Пендаровски гласале 791 или 44,82 проценти. Неважечки ливчиња има 45.

Во Липково од 25.401 евидентирани гласачи , гласале 6.860. За Стево Пендаровски гласале 6.543 или 95,38 проценти, а за Гордана Сиљановска Давкова гласале 44 или 0,64 проценти. Неважечки ливчиња има 273.

admin

May 6th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *