Вести

Турчин ограбен на автопатот Табановце- Куманово

Турчин ограбен на автопатот Табановце- Куманово

Едно лице , од Турција бил нападнат и ограбен од две непознати лица на автопатот Табановце – Куманово. Разбојниците физички го нападнале и му го украле ранецот во кој имал пари и лични документи.
Според информациите на Секторот за внатрешни работи Куманово , немилиот настан се случил на 04.07.2019 година во 17 часот. Разбојништвото во СВР Куманово било пријавено во 20.00 часот , М.Ш.К.(22) од Република Турција пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот на автопатот Табановце – Куманово, во близина на бензиска пумпа, две непознати лица физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имал пари и лични документи, по што побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

admin

July 5th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *