Вести

Српскиот рапер Раста во притвор

Српскиот рапер Раста во притвор

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста од Вишото јавно обвинителство во Белград доби 30 дена притвор , а би можел да добие и казна затвор од 12 години.

Раперот е уапсен во петокот во центарот на Белград, за кривично дело произвоство и пуштање во промет на опојни дроги.

Причина за тоа е еден килограм дрога, марихуана, која била пронајдена при претрес извршен во станот на Раста. Претходно кај него биле пронајдени 5 грама марихуана.

Со раперот бил приведен уште еден маж кај кого полицијата пронашла кокаин.

Според српски ,,Курир” , Раста се бранел дека марихуаната е за лична употреба и дека не е дилер на дрога.

,, Го обвинуваат дека чувал марихуана за продажба , а сите знаат дека тој не е дилер, туку дека тој ја конзумира. Одредениот притвор е неоснованзатоа што тој е јавна личност , со цел да се покаже дека и славните завршуваат зад решетки”- , изјавил неговиот адвокат Вук Туфегџиќ.

Тој неодамна беше мета на критики кога уживаше на терасата во базен со својата ќерка Тара (2), што ја доби со неговата поранешна сопруга, пејачката Ана Николиќ (41). Но, иако фотографиите ги разнежнија повеќето обожаватели, целото внимание беше „украдено“ од позадината на објавата.

Поточно, зад Раста имаше дрвена маса со мобилен телефон, пијалоци, но и пепелник. Токму содржината на пепелникот беше лавина коментари на социјалната мрежа, па некои следбеници го „нападнаа“ музичарот.

Radio Bum

October 5th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *