Вести

Работник паднал од кров во Умин Дол

Работник паднал од кров во Умин Дол

Работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од кров во висина од три метри, при изведување на работни задачи на кровна конструкција.Според информациите од СВР Куманово несреќата се случила вчера на 28 март во 11.25 часот.И.Ѓ.(44) од Куманово додека работел на кровната конструкција во приватна фирма во село Умин Дол, паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телсни повреди. Тој бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош. Случајот е пријавен во СВР Куманово . Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за Труд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

radiobum

March 29th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *