Вести

Работилница за препознавање на лажни вести во Куманово

Работилница за препознавање на лажни вести во Куманово

Професорите и родители на средношколци од Куманово, денеска учествуваа на втората работилница за препознавање на лажни вести која се одржува во рамки на проектот „За подобро ментално здравје“ кој го го спроведува Здружението „Доверба“ Куманово, а се реализира во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“-Справување со лажни вести кој го спроведуваат Македонски институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности во Лондон, со финансијска подршка од Европска Унија. Препознавањето на лажните вести е особено значајно во денешно време во мноштвото информации кои се пласираат на социјалните мрежи, велат ученисиците.
Координаторот на проектот Дивна Јанкова појаснува дека проектот опфаќа повеќе работилници за препознавање на лажните вести и го истражува нивното влијание врз менталното здравје кај тинејџерите. Во проектот се вклучени средношколци од три училишта од Куманово, но и наставници и родители кои денеска се информираа како да препознаат лажни вести.
-Проектот има за цел да ја подигне свеста за важноста на медиумска писменост за менталното здравје на младите, односно да ги поттикне граѓаните заедно со медиумите да го актуелизираат проблемот во пошироката јавност, да ги анимираат надлежните институции заедно со младите, родителите, наставниците, стручните служби, да преземат мерки со кои ќе им се помогне на младите ефикасно да се справуваат со психолошките проблеми- изјави Јанкова.
Александра Димитриевска, родител на средношколец вели дека ова тема е многу важна во последниве години поради се поголемиот наплив на лажни вести кои се пласираат на социјалните мрежи чии консументи се токму младите.
-Ова тема недоволно е позната и за родителите кои треба да им појаснат на децата како да се заштита од лажните вести-вели Димитриевска.

Нејзиното мислење го дели и професорката по македонски јазик од „Наце Буѓони“ Лидија Цветкова која вели дека присуството на оваа работилница е оправдано, бидејќи во секојдневната работа се среќава со најразлични прашања од учениците.
-Тие имаат допир со многу социјални мрежи, со многу вести, медиумите на сите страни и честопати тие вести можат да бидат и лажни , можат да бидат вистинити и сметам дека колку ќе бидам јас повеќе писмена медиумски моето искуство, моето знаење ќе можам да им го пренесам и на моите ученици, и сметам дека успешно ќе ги совладаме сите содржини кои што се предвидени. Инаку има повеќе прашања, има компетентни личности, новинари, педагози, психолози, кои што се многу обучени за оваа тема,-вели Цветкова.

Проектот ќе заврши во мај, идната година.

admin

September 19th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *