Вести

Првото бебе во Новата 2018 година во Куманово е машко

Првото бебе во Новата 2018 година во Куманово е машко

Првото бебе во Куманово во новата 2018 година е машко. Бебето Ерион е родено живо и здраво, тешко е 3,4 килограми , долго 51 сантиметар. Во новогодишната ноќ родени се две момчиња и две девојчиња.

– Во 00:45 беше породувањето со царски рез поради ножна презентација. Мајката и сите други мајки се добри и бебињата исто така, изјави др. Наиле Османи која го извршила породувањето.

На подарок од градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски бебето и мајката добија  штедна книшка со просечна македонска плата, а воедно како и сите бебиња кои ќе се родат годинава, на подарок од локалната самоуправа и ЈП „Чистота и зеленило“ на домашна адреса ќе добијат една садница.

bebe 2018 22

– Им честитам на сите родители за приновите во семејствата. Традиционално на првороденото дете општина Куманово му дава една просечна плата и исто така други подароци и сакам да најавам дека од денеска согласно програмата на општина Куманово, која ќе ја реализираме со ЈП „Чистота и зеленило“, а ја нарековме „Посади живот за живот“ секое новороденче откако ќе се роди во првите 30 дена на домашна адреса ќе добие подарок зелена садница за која ќе имаат обврска родителите на детето да ја засадат на нивниот имот или било каде во општината, изјави Димитриевски кој се заблагодари на професионалниот тим од Одделението за гинекологија и акушерство.

 

Фото Никола Ивановски, Кумановски муабети.

admin

January 1st, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *