Вести

Нема намалување на бројката на првачиња во Куманово, но училиштата учебната година ја стартуваат со долг од 1 милион и 800 илјади евра

Нема намалување на бројката на првачиња во Куманово, но училиштата учебната година ја стартуваат со долг од 1 милион и 800 илјади евра

За 16 000 ученици во општина Куманово  започнаа учебната година. Во сите основни и средни училишта во Куманово навремено и без проблеми започна учебната година.  Според податоците на раководителот на секторот за образование Жико Крстевски 10 500 ученици се во основно образование, а 5 500 ученици во средното образование.

Бројката на првачињата кои денеска тргнаа на училиште е идентична со минатата година 1160 , а во прва година во средното образование 1270 ученици, информира Крстевски, тој додава дека годинава има и две нови паралелки.

Најалармантна е состојбата во Толи Зордумис и Вук Караџиќ каде има најмал број на запишани ученици.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека учебната година училиштата ја започнале без проблем но со долг од 1 милион и 800 000 евра кон повеќе институции, превоз за ученици , електрична енергија, гас, водоснабдување но нема посериозни проблеми со прекини на електрична енергија.

Димитриевски вели дека годинава ќе се фокусираат за подобрување на инфраструктурата на училиштата и вели дека се потребни повеќе средства, а потребна е фискална децентрализација на училиштата.

Како алармантни каде што треба да се интервенира се училиштата во Студена Бара и Иго Тричковиќ.

Во општина Старо Нагоричане, годинава ќе се запишат речиси идентичен број првоодделенци како и претходните години, информираа денеска, надлежните од училиштето. На подрачјето на оваа рурална општина има три училишта. Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане и подрачните училишта во селата Алгуња и Никуљане годинава во прво одделение запишани се девет ученици, што е за еден ученик помалку во однос на претходната година. Во ова училиште наставата се изведува на македонски и српски наставен јазик. Во основното „Христијан Карпош“ во село Младо Нагоричане пак, годинава има запишано 12 првачиња, што е за еден повеќе во однос на минатата учебна година. Ова училиште опфаќа уште две училишта во селата Облавце и Бајловце. Пет првоодделенци ќе тргнат во новата учебна година во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце што е за еден повеќе во однос на минатата учебна година. Ова училиште има четири подрачни училишта во селата Пелинце и Челопек и во планинските места Жегљане и Арбанашко.

admin

September 3rd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *