Вести

ВМРО ДПМНЕ го крева гласот против корупцијата и криминалот , нема да дозволиме под тепих да заминат сите афери кои изминативе години ги предизвика оваа влада

ВМРО ДПМНЕ го крева гласот против корупцијата и криминалот , нема да дозволиме под тепих да заминат сите афери кои изминативе години ги предизвика оваа влада

Членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, организираа протест со возила , протест против криминалот, корупција, неправдите и прогонот . Поради пандемијата, протестот се одржа со возила, од градскиот базен по централните булевари и улици во Куманово со полициска придружба.

– Нема да дозволиме под тепих да заминат сите афери коишто изминативе години ги предизвика оваа Влада, нема да дозволиме граѓаните да заборават на аферите на Рашковски, М-нав, на Ден Дончев, парите предвидени за поддршка на стопанството да завршуваат до фирмите блиски на семејството Заеви, на Анѓушев, на поранешната министерка за финансии, Ангеловска без да има соодветна завршница -изјави пред медиумите, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Бране Петрушевски. Тој вели дека семејството Заеви врши приватизација на државата.
,,Пред неколку денови бевме сведоци како владата на чело со Зоран Заев си дала концесија на фирма ,,Еленица” која е во директна сопственост на семејството Заеви”.

Тој рече дека оваа Влада ја задолжила државата преку една милијарда и сто милиони евра, пари кои биле правдани со вложување во справување со последици од Ковид 19.
За жал, додава Петрушевски, Македонија е рекордер по бројот на заразени, стопанството тоне, граѓаните осиромашуваат.
Како пример го посочи викендот без ДДВ, кој како што рече наместо Министерството за финансии дека ќе врати девет милиони евра, вратени ќе бидат само 1, 1 милион евра , што нагласи, покажува колку граѓаните се сиромашни.
Вонредната состојба, изјави Петрушевски била злоупотребена за сè, освен за справување со кризата што се рефлектира со број на заразени и нагласи дека се испумпуваат пари не само од домашниот буџет туку и европски средства.

Граѓаните вели се исмејуваат на социјалните мрежи, иако работата не е за смеење, додава Петрушевски, бидејќи големи суми пари завршуваат за тренирање магариња, фризерски салони, сирења. Тој ја обвини власта за прогон и политички реваншизам кон неистомислениците.
– Само од СВР Куманово преку 40 професионални припадници на Министерството за внатрешни работи со решенија се распоредени надвор од своите работни места, луѓе се ставаат на дисциплински постапки, им се врши мобинг и да не заборавиме за националното понижување кое стана заштитен знак за оваа Влада, покрај промена на името деновиве дозволија да се тргува со Гоце Делчев, идентитетските прашања, а заштитен знак е и затворање на неистомислениците со драконски казни како двајца наши сограѓани неосновано осудени за тероризам-рече Петрушевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 21st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *