Вести

Утре во Куманово протест против аерозагадувањето ,,Куманово се гуши”

Утре во Куманово протест против аерозагадувањето ,,Куманово се гуши”

Недела 15 декември во организација на граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, во пет минути пред 12 часот пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи протест поради аерозагадувањето.

– Ова е граѓански крик, повик да излезеш и ти и да побараш ЗДИВ за себе и своите најблиски!
Биравме политичари кои нудеа решенија, меѓу другото, токму и за овој проблем – чист воздух и сега бараме испорака на ветеното!
Бараме да изнајдат и преземат мерки, зашто токму за тоа ги плаќаме!
Бираме живот, не бавна смрт!
Затоа дојди и ти за заедно да покажеме дека ЗДРАВЈЕТО ни е најважно!
5 до 12 на 15.12.2019, кумановски плоштад, пред Центар за култура- велат организаторите , повикувајќи ги граѓаните на Куманово да излезат на протест.

admin

December 14th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *