Вести

Штефица Ујчиќ од Куманово го доби признанието просветен работник на годината, строга но праведна професорка

Штефица Ујчиќ од Куманово го доби признанието просветен работник на годината, строга но праведна професорка

Признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година го доби Штефица Ујчиќ, професорка по физика во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово.

Ујчиќ е дипломиран инженер по физика и дипломиран професор по физика, во кумановската гимназија работи од 1983 година има издадено две книги по физика за втора година и осмо одделение, има издадено работни листови и учествувала на повеќе државни проекти.

,,За мене наградата е признание не само за мене туку и за сите околу мене учесници во образованието, учениците, моите колеги , училиштето и целото општество кое даде можност да се искажеме во оваа време на невообичаен начин – вели Штефица Ујчиќ.

,, Критериумите за наградата ги пропишува Сојузот на просветни работници, а во нив се опфатени сите димензии на реализација на професорите, од водење на образовниот процес – работа со ученици , резултати на ученици , работа во подржување на образовниот процес како што се изготвување на учебници, наставни помагала , учество на меѓународни конференции, печатење на трудови , работа на проекти.
-Јас имам работено на повеќе државни проекти кои ги организира министерство за образование и наука , како што е методот на самоучење , работевме и во нулта година кога ги подготвувавме учениците од албанска националност за македонски универзитети за студирање на македонски јазик , а дваесет години во нашата гимназија работиме на проектот за билигвална настава и соработка со Франција, овој проект доби државно признание од двете министерства за надворешни работи на Македонија и Франција”- вели Ујчиќ.

Ујчиќ има завршено средно образование во кумановската гимназија , студирала на Факултет за физика во Скопје, таа е дипломиран инженер и дипломиран професор по физика .

-Кога добив шанса да работам како дипломиран инжинер по физика бев вработена во институтот за физика , како асистент на факултетот за физика но нешто ме повика во Куманово бидејќи сметав дека има многу повеќе потенцијал со кој може да се работи и разработи онаа што во тоа време ми беше недостижно да го направат тоа моите ученици . Во гимназијата работам од 1983 годинаи за мојата лична одлука никогаш не сум пожалила и тоа ги интригира луѓето во мојата околина , бев добар студент имав добри соработници на факултетот имав научни трудови , соработка со македонската академија на наука , меѓутоа ако останев на факултетот тоа ќе беше само за моја лична кариера бидејќи Македонија во тој момент не можеше да ми даде да се развивам како интелектуален потенцијал но имаше добра основа за работа со ученици и дојдов во Гимназијата во Куманово .

Строг и праведен професор, но ако бидеш премногу попустлив може да му наштетиш некому- вели Ујчиќ и додава дека сега учениците имаат благодарност за тоа.
,,Не сум поборник за онлајн настава, која сега е нужност и ни недостига енергијата на учениците”- вели Штефица Ујчиќ.

Признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година го добија и професорите: Добри Јовевски од Крива Паланка, Марјан Радески од Охрид и педагогот Маринела Бошева од Скопје.

Radio Bum

October 16th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *