Вести

Спасовски: Приведени се седу лица  за изработка на лажни тестови за ковид

Спасовски: Приведени се седу лица за изработка на лажни тестови за ковид

„Викендов активно работевме во делот на детекција, откриена е една организирана криминална група која продавала фалсификувани ковид тестови. Овие активности ги спроведовме заедно со Агенцијата за национална безбедност и при тоа извршени се претреси на 11 локации и приведени се седум лица кои изработувале вакви тестови со намера да ги продаваат на македонски граѓани за да можат да патуваат надвор од земјата:“- изјави министерот Оливер Спасовски, во Утрински брифинг.

Спасовски вели дека ваквите активности со фалсифкување на тестовите го нарушуваат меѓународниот имиџ на Северна Македонија, но дека полицијата ќе продолжи со откривање и на други групи кои ќе започнат со издавање лажни тестови.

Radio Bum

December 28th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *