Вести

Алек Роберт од Куманово ја освои титулата Принц на Светот

Алек Роберт од Куманово ја освои титулата Принц на Светот

Од 50 земји учеснички на последниот меѓународен фестивал за убавина, таленти и мода насловен како “Принцеза и Принц на Светот” кој беше одржан  во Бугарија, македонецот Алек Роберт од Куманово ја освои титулата Принц на Светот .

“На само 9 години да се добие титулата принц на свет е навистина голема чест, конкуренцијата беше голема, а имаше и повеќе критериуми кои што требаше да ги исполниме” – вели малиот Алек за радио Бум.

Бранка Роберт, мајката на Алек, вели дека добиле покана да учествуваат на интернационалниот натпревар во Бугарија, што навистина било голем предизвик за нив но и голема одговорност.

“Јас како родител имав многу трема бидејќи се работи за светски натпревар, а тие се само деца. Беа оценувани сите критериуми, од однесувањето до пораките за мир кои беа упатени од сите учесници. Конкуренцијата беше голема, но сите беа воодушевени од Алек”- низ солзи радосници раскажува мајката, која во Македонија ја донесе титулата најубава мајка на натпреварот.

За Алек беше искреиран и специјален костум за натпреварот од атеље  на Ивана Каран.

На фестивалот 9 годишниот Алек доби и златен медал за најдобар модел за 2016 година и покана за учество во детско стручно жири за 2017 година.

Igor Andonovik

July 4th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *