Вести

Порнаешни градоначалници на Куманово на прием кај Димитриевски

Порнаешни градоначалници на Куманово на прием кај Димитриевски

По повод 11 Ноември – Ден на ослободување на Куманово и прославата на 73–годишнина од ослободувањето од фашизмот, денес на традиционален прием кај градоначалникот Максим Димитриевски беа борците од НОБ, поранешните градоначалници како и претставници од АРМ, СВР и ТППЕ Куманово.

GRADONACALNIK I PRIEM 1

Поранешните градоначалници Зоран Дамјановски, Слободан Ковачевски, Бајрам Сулејмани и Благе Кипријановски на градоначалникот и борците им посакаа среќен празник и уште многу години слободно Куманово.

GRADONACALNICI 1

Денеска треба сите да ја преземеме обврската од таму каде што почнавте вие, а продолжија тие помлади од вас, рече актуелниот градоначалник Максим Димитриевски во своето обраќање кон неговите претходници. Порача дека заедно треба да се градат подобри услови за живот на идните генерации во општината.

Предизвиците кои што стојат пред нас ќе ги решаваме заедно да создадеме поубави услови за живот за сите. Она што сите нас не краси е нашата различност бидејќи во нашата општина има претставени осум етнички зеадници и трендот продолжува. Сите тие етнички заедници ги негуваат своите животни принципи , традиција, и во рамките на взаемното разбирање ќе продолжиме во духот на нашите претци да градиме едно поубаво и поупешно куманово. Можностите се тие, нашата цел е еден ден да куманово го видиме во рамките на една обединета европа во големото  европско семејтасво како полноправна членка  РМ на Евроатлантската алијанса, изјави Димитриевски.

GRADONACALNIK I BORCI 1

 

admin

November 10th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *