Вести

Работодавачите да обезбедат превоз на работниците до работните места апелираат од Владата

Работодавачите да обезбедат превоз на работниците до работните места апелираат од Владата

Забраната за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз, економските оператори можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз, информираат од владата.

,,Владата на Република Северна Македонија на денешната 29-та седница донесе заклучок да ја информира јавноста дека одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз.

Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени”- информираат од владата.

Igor Andonovik

March 26th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *