Вести

Атина Мургашанска е претседател на советот на општина Куманово

Атина Мургашанска е претседател на советот на општина Куманово

Со 23 гласови „за„ од 33 советника колку што брои новиот состав на советот на општина Куманово , Атина Мургашанска е избрана за претседател на советот, на денешната конститутивна седница.  Мургашанска е носителот на листата за советници на СДСМ , координатор на жените на СДСМ Куманово.

„Со рамноправно залагање на сите членови на советот без политичка определба ќе бидеме центар на локалната демократија на општина Куманово„ истакна Мургашанска која се заблагодари на дадената доверба и ја превзеде седницата која ја водеше Фериз Дервиши како најстар советник. Тој седницата ја започна и ја  водеше на албански јазик .

 

admin

November 9th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *