Вести

Со фантомки и шипки претепале  23 годишен кумановец

Со фантомки и шипки претепале 23 годишен кумановец

Непознати сторители ноќеска со метални шипки нападнале 23 годишно момче и му нанеле тешки телесни повреди.

Со скршеница на лактот на раката и повреди во пределот на главата и ногата, 23 годишниот Б.С. бил хоспитализиран во Општа Болница во Куманово.

 

Според информациите на полицијата настанот се случил ноќеска во 01,35 часот на ул.„Перо Чичо“.

Б.С., при влегување во своето возило бил физички нападнат од неколку непознати лица со фантомки на главите, кои со метална шипка го скршиле задното ветробранско стакло од возилото, по што на Б.С. му нанеле тешки телесни повреди, кои биле констатирани од страна на лекар во Општата Болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

admin

September 12th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *