Вести

Група средношколци албанци претепале осмоодделенец македонец

Ученик од 8 одделение од  Основно Училиште Толи Зордумис, од македонска националност, во петокот бил нападнат и претепан од група на средношколци од алабанска националност, без никаква причина.

Немилиот настан според информациите на мајката на претепаниот ученик,  Александра Петковиќ,  се случил пред основното училиште кога децата завршиле со настава.  Пред да се качат во училишниот  автобусот кој ги вози учениците до дома, бил фатен од групата и претепан. Насилниците барале телефонски број и информации за ученичка која заедно учела со сега претепаниот ученик. Откако биле одбиени од децата кои не им дале информации ,  фатиле еден од учениците и го претепале.

“Група од осум насилници го тепале и го удирале со тупаници, со боксач и клоци.  Никој во училиштето , освен неговите другари не му пружиле помош”-вели мајката која не била повикана, а  не повикале ниту брза помош иако детето било без свест.

‘’Го освестиле, го однеле внатре во училиштето. Имаше најмалку 20 полицајци кои ме пречекаа во училишниот двор, а  10 полицајци и инспектори го испрашуваа и му бараа изјава , тоа го видов кога  стигнав во училиштето,  откако ми се јави мајка на соученик и ми кажа дека моето дете е претепано’’- вели мајката за Бум.

Кога таа изреагирала зошто никој не ја повикал и зошто никој не повикал брза помош , одговорот бил дека сите биле во шок и заборавиле. Иако редовно плаќаат за обезбедување тој ден во училиштето немало ниту обезбедување.

,,Детето ми е во шок, два дена одиме во болница на инфузии и примаме и психолошка помош”- додава мајката. Како знак на револт во вторник, бидејќи понеделник е неработен ден родителите во 13 часот ќе одржат мирен протест.

За настанот нема информации во дневниот билтен на МВР, а бидејќи е викенд дури во понеделник ќе можеме да ја слушнеме и изјавата на директорот на училиштето.

Детето според информациите на мајката , но и од другите родители на учениците  било многу мирно и примерно . За 9 години колку и што учи во Толи Зордумис немале никакви проблеми со него.

Igor Andonovik

March 19th, 2016

2 Comments

2 Comments

  1. Dejan says:

    u normalni drzave direktori za ovakvi rabote podnasav ostavke. moj savet e roditeli da si zemev dobroga advokata i da si tuziv prvo skolu i direktora sto nema obezbeduvanje a davav pare pa posle ako gi najdev tija huligani i njini roditeli,

  2. anonimo says:

    za zhal ovoj chesto se deshava u kumanovo 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *