Вести

УТРЕ ВО 13 ЧАСОТ МИРЕН СОБИР НА РОДИТЕЛИ ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ТОЛИ ЗОРДУМИС

Се опоравува но се уште е во шок ученикот кој беше претепан во петокот пред основното училиште Толи Зордумис, од група на средношколци албанци, вели за Бум, Александра Петковиќ, мајката на претепаниот ученик.

Утре во 13 часот пред училиштето родителите ќе одржат мирен собир во знак на револт на немилиот настан од петокот . Директорот на училиштето вели дека се превземени сите мерки за поголема безбедност на учениците и училиштето. По информацијата дека немало обезбедување во училиштето се огласи и агенцијата што врши обезбедување. Велат дека тие се во училиштето на голем одмор и од 13 до 19 часот. Осмоодделенец во петокот бил нападнат и претепан од група од осум средношколци албанци , пред училиштето , без никаква причина.

Igor Andonovik

March 21st, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *