Вести

Се запали кров на зграда на улица Сава Ковачевиќ

Се запали кров на зграда на улица Сава Ковачевиќ

Кумановските пожарникари цела ноќ гаселе пожар на кровна конструкција на зграда на улицата „Сава Ковачевиќ“ која се наоѓа во близина на кумановската болница, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ). Во пожарот нема повредени лица, пожарот првично настанат од запален оџак, по што  се проширил на кровот.

Првиот пат, информираше командирот на кумановската противпожарна единица Дејан Илиевски пожарникарите интервенирале со едно возило во периодот од 20:50  до 00:50 часот.

-Втор пат интервенирале седум колеги со две возила од 01:30 до 07:05 утрово. Ја пробивале трската под кровот, се додека пожарот не бил ставен под контрола и изгаснат-изјави Илиевски.

Викендов пожарникарите гаселе пожар кој зафатил викендица во село Горно Којнаре, а интервенирале и на запалена бандера на „Никуљски пат“ .

admin

December 2nd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *