Вести

Пожар во СВР Куманово

Пожар во СВР Куманово

Дотраена инсталација е прчина за пожарот кој утринава во 08:05 часот избувнал во просториите на Секторот за внатрешни работи Куманово, информираат од МВР.

Пожарот избувнал во Одделот за аналитика при СВР Куманово, а по извршениот  увид е констатирано дека причина е дотраена инсталација која довела до спој на термопечка, велат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Висината на материјалната штета, како и што изгорело во пожарот дополнително ќе се утврдува, додаваат од полицијата.

admin

January 7th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *