Вести

Жена е повредена во обид да го изгасне пожарот во станот

Жена е повредена во обид да го изгасне пожарот во станот

Нема жртви, а едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна во стан на Трета македонска ударна бригада во Куманово. Повозрасна жена,мајка на сопственикот на станот , каде и живеела се обидела да го изгасне пожарот и се здобила со изгореници на раце и косата.

Пожарот избувнал во летната кујна , според изјавата на очевидци се запалило маслото на шпорет по што се проширил низ станот.
Соседите реагираат и дека хидрантот во зградата не бил исправен и немало вода, што можело да помогне во спречување на проширување на пожарот.

Командирот на територијалната противпожарна единица Дејан Илиевски вели дека по пријавата на пожарот во 15 55 минути веднаш се испратени две возила и 11 пожарникари.

Пожарот е ставен под контрола , пожарот го зафатил и соседниот стан , а зафатена е и кровната конструкција .
По целосно изгаснување на пожарот ќе се направи увид за да се утврдат причините за избувнување на пожарот.

Igor Andonovik

April 8th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *