Вести

Липковските акумулации се полни но неизвесно е дали ќе се покачи цената на водата

Липковските акумулации се полни но неизвесно е дали ќе се покачи цената на водата

Раководителот на Водостопанство Кумановско-липковско поле ,  Оливер Илиевски , вели дека има вода за граѓаните на Куманово, акумулациите се полни 80 % што е доволно за нормално водоснабдување на градот и приградските населби.

Капацитетот на браните засега е добар, а тоа зависи од временските услови, во зимскиот период кога се полнат браните и доколку нема поголеми врнежи  до крајот на април ние ќе ја почнеме сезоната со 80 проценти од капацитетот, но поважни се временските услови во сеозоната доколку има врнежи од дожд, тогаш ние нормално ќе испорачаме вода и на Водовод, и на вода за наводнување, вели Илиевски и потенцира дека прво ќе се задоволат потребите на вода за пиење а потоа и за другите потреби.

Техничката опременост на претпријатието е на многу ниско ниво , информира Илиевски. 

Системот за наводнување е доста оштетен од конфликот во 2001, во рамките на можностите на водостопанство се санирани дел од дефектите но немало доволно средства за инвестиции од поголеми зафати, ние имаме поднесено проекти до владата на Р Македонија. Очекуваме во идниот период од инвестиционата програма да се издвојат  средства за Кумановско -липковско поле за санација на постоечкиот систем и за изградба на нови зафати, односно во идниот период ќе ни биде главна цел долгорочно да го решиме проблемот со водоснабдување како на Куманово така и на Липково, вели раководителот Илиевски. 

Голем проблем за претпријатието е и недостик на кадар.

-Имаме проблеми во делот на одредени стручни кадри како што е за секторот на брани, додека останатите работници се за одржување на системот за наводување и одржување на дотур на вода. Недостигаат околу 13 лица, но со добра организација се снаоѓаме да функционираме.  Ќе има конкурс за вработување, а ќе видиме од министерството  за финансии колку ќе ни дадат согласност за да  соодветно  распишеме конкурс, вели Илиевски. 

За цената на водата Илиевски вели дека  претходно е фактурирана од Водостопанство кон ЈП Водовод, 6,4 по метар кубен. Куманово плаќа најскапа вода,  а Илиевски вели дека причината за тое е што покрај дотур на вода до Водовод имаат и системи за наводнување кои одат по истиот вод, изгубената вода,  трошоците за одржување на системот се поголеми во однос на некои други водостопанства во Македонија, а тоа се рефлектира на цената на водата.

„Пред да дојдам на оваа функција регулаторна комисија има донесено цена од 4,98 што е за 20 проценти пониска во однос на претходната. Како што имаме информации оваа цена се уште не е донесена на Влада, така што во идниот период ќе работиме заеднички со Водовод да направиме правична цена која ќе биде за Водостопанство, а  да не му наштети на нормалното фунцкионирањеи на Водовод , а најмногу за граѓаните на Куманово„-, вели Илиевски и додава дека имаат направено проекти со кои ќе се инвестира во нов вод од Глажња до Куманово, тогаш ќе се намалат и загубите на вода. Проектот чини многу вели раководителот, но ќе направат напори да се постави и нов вод.

admin

February 2nd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *