Вести

Хирург-специјалист доктор  Драган Тасевски почина од коронавирус

Хирург-специјалист доктор Драган Тасевски почина од коронавирус

Хирург-специјалист доктор Драган Тасевски почина како последица од коронавирус.

,,Докторот добил позитивен тест пред десет дена, со дијагноза на бронхопнеумонија е упатен на инфективната клиника, а пред неколку дена веројатно на свое барање бил пренесен во болница Систина – , вели Знежана Захариева директорка на болницата во Куманово. Таа вели дека се надевале дека ќе ја победи болеста но вчера добиле информација дека е во многу критична здравствена состојба по што во попладневните часови и починал.

,,Жал ми е и упатувам сочувство до семејството , оваа е шок за нас , имало и веројатно и ќе има уште позитивни лица од медицинскиот персонал, поради природата на работата -, вели Захариева.

Директорката не знае каде хирургот Тасевски се зарази, но твдри дека во последните два месеци немаат регистрирано случај на заразен на хируршкиот оддел во болницата. Таа вели дека оваа е прв случај на починат лекар од коронавирус во болница. На хирургија вели таа нема други позитивни на Ковид -19.

Доктор Тасевски во кумановската болница работел околу 30 години.

Radio Bum

October 21st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *