Вести

Реновираниот објект наменет за градинка во пионерски дом би требало да се отвори за еден месец

Реновираниот објект наменет за градинка во пионерски дом би требало да се отвори за еден месец

За еден месец би требало да започне со работа градинката која што е сместена во поранешен Пионерски дом. Ова  го истакна министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска, посочувајќи дека отворањето се одолжило заради дозволи од други надлежни институции.

-Тоа е стар објект реновирањето се заврши веднаш како што беше најавено во 40 дена но сепак има други институции кои треба да дадат дозвола за отворање на градинката се направи и дополнително поврзување со гасната мрежа во општина Куманово за да имаме енергетски поефикасен објект. Тоа се чека да се постави мрежата за затоплување на тој објект да не одиме со електрична енергија и панели туку со греење на гас и верувам дека за еден месец сигурно ќе завршиме со отворањето и на таа градинка-истакнa Царовска.

Таа дополни дека општините кои имаат подготвен проект за градба или доградба на градинки, можат да аплицираат во Министерството за труд и социјална политика, за да се обезбедат финансиски средства во тековната или годините што следат.

radiobum

March 30th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *