Вести

Петрушевски:Во индустриската зона во Речица наместо фабрики има убаво поле и ниви

Петрушевски:Во индустриската зона во Речица наместо фабрики има убаво поле и ниви

Кандидатот за пратеник, Бране Петрушевски денеска заедно со носителот на листата од изборната единица број два, Владо Мисајловски присуствуваше во индустриската зона во Речица за што рече дека нема ништо од ветените инвестиции во индустриската зона кои ги ветувале функционирите од СДСМ изминативе 10-ина години.

–Затековме тука полјани, убави ниви, незавршен пат дури во комуникација со граѓаните кажаа дека патот не бил согласно стандардите за транспорт на стока со товарни возила. Начекавме зеленило, но не и странски инвестции, фабрики, работни места. И токму ова е синоним за владењето на СДСМ и нивнот начин на владеење, ветувања кои се претвораат во лаги. ВМРО ДПМНЕ има сериозни проекти за инвестиции во Куманово, оваа индустриска зона во инфраструктурна потреба што треба да се заврши и она што е бренд на ВМРО, да дадеме максимален напор да привлечеме странски инвеститори кои ќе овозможат работни места-посочи Петрушевски.

Igor Andonovik

June 25th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *