Вести

Петрушевски- СДСМ  лаже дека нашата делегација не ја испочитувала државната химна

Петрушевски- СДСМ лаже дека нашата делегација не ја испочитувала државната химна

Со објава на социјалните мрежи , Бране Петрушевски, пратеник во собранието и актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ , ги обвини СДСМ дека лажат по ојавеното соопштение од СДСМ дека делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не оддаде почит на државната химна, ниту на борците, ниту пак на одбележувањето на 79 години од почетокот на антифашистичката борба на 11 Октомври на спомен Костурница во Куманово.
Петрушевски вели дека по интонирањето на химната во знак на револт зошто полицијата не му дозволила да влезе на службен паркинг си заминал.

,,Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ срамно заминаа без да ја испочитува државната химна, без да ги поздрави претставниците на Сојузот на борци и дипломатскиот кор, без да ја проследи манифестација. Иако според протоколот и за нивната делегација како и за сите останати, имаше предвидено место за седење – е наведено во соопштението за јавност од СДСМ.

,, Нема празник што не го испоганивте!- реагира Бране Петрушевски .

СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија во соопштение лажно наведува дека нашата делегација не ја испочитувала државната химна (доказ дека лажат – слика направена од видеото од настанот на ФБ страната на Владата)

,,Си заминав од настанот по интонирањето на химната на Република Македонија, во знак на револт, затоа што иако уредно најавен од Собранието на РМ, како член на собраниската делегација, партизираната полиција не ми дозволи да паркирам на службениот паркинг, по што задоцнив на настанот.

Извинување од СДСМ не очекувам, иако треба да се засрамат за ваквото соопштение- објави Петрушевски.

Radio Bum

October 13th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *