Вести

МВР апелира: Не употребувајте петарди

МВР апелира: Не употребувајте петарди

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192.

Од МВР потсетуваат дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик.

„Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат флаери и плакати и одржуваат различни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства“, велат од МВР.
Над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди поради употреба на петарди, од нив 80 отсто се деца.

admin

December 11th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *