Вести

Инцидент на протестот во Шупли камен, едно лице е повредено

Инцидент на протестот во Шупли камен, едно лице е повредено

Едно лице е повредено, а од инспекторката насилно сакал да го одземе записникот, лице што превезува песок од река Пчиња во Шупли Камен.
Немилите настани се случиле вчера за време на протестите на месното население во Шупли камен , кои се обиделе да го спречат ископот на песок, за што тврдат дека фирмата која стопанисува ја пустоши реката.
Според официјалните информации на полицијата на 21.08.2019 во 11.00 часот во СВР Куманово, претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, Г.С. (52) пријавил дека за време на протест и блокада на патот во с.Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило. Според пријавеното, во наведеното време на местото пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.08.2019 во 20.00 часот во СВР Куманово, Л.З.(57), државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина, пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот, додека вршела службени задачи заедно со водстопански инспектор, по извршениот увид на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициски службеници. Се работи на расчистување на случајот.

admin

August 22nd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *