Вести

Моторциклистите од денеска  ќе плаќаат поевтина патарина

Моторциклистите од денеска ќе плаќаат поевтина патарина

Согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со која воведува нова категорија на видови возила, Прва категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година .

Во категоријата „1А“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.

Ова се цените по наплатни станици за надоместок за употреба на пат (патарина)

1. Романовце 40 денари / 0,50 евра.
2. Миладиновци 20 денари / 0,50 евра.
3. Сопот 50 денари / 1,00 евро.
4. Отовица 50 денари / 1,00 евро.
5. Стоби 40 денари / 0,50 евра. 6. Петровец 20 денари / 0,50 евра.
7. Тетово 20 денари / 0,50 евра.
8. Гостивар 20 денари / 0,50 евра.
9. Глумово 20 денари / 0,50 евра.
10. Желино 20 денари / 0,50 евра.
11. Гевгелија 60 денари / 1,00 евро.

admin

February 10th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *