Вести

Градоначалникот на Општина Куманово со јавен отчет за сработеното

Градоначалникот на Општина Куманово со јавен отчет за сработеното

“Барам разбирање од граѓаните, знам дека секаде има голем број на комунални проблеми. Општина Куманово е најголемата општина во државата со најголеми проблеми од сите аспекти, барам разбирање и трпение, ние работиме напорно и сакам да го трансформираме Куманово, да добие современ, модерен и урбан лик и да наликува на проевропски град, и заедно со Советот и тимот што работам ќе го направиме тоа- рече градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на денешната пресс конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите две години колку е на градоначалничката функција.

Тој денеска за граѓаните пред претставниците на општината, Советот и јавните претпријатија даде отчет за сработеното во изминатите две години од мандатот.
Градоначалникот се осврна на подобрените услови во комуналната инфраструктура, образованието, здравството, јавните претпријатија, културата и спортот, при што истакна дека во Куманово и околината, за овој период се асфалтирани вкупно 51. 550 м2, изградени се тротоари во должина од 6.632 м2, водоводна мрежа 27.647 м2, фекална и атмосферска канализација 9.746 м2, како и поставување на бекатон и тампонирање.

Димитриевски зборуваше и за реконструкцијата на градскиот плоштад, постоечки мостови, проширување и обезбедување нови паркинг места, изградба на мини паркови, поставување на заштитни столбчиња и семафори, средства за забавување на сообраќајот, како и изградба на првиот кружен тек на влезот на градот и спомен чешма за кумановските олимпијци. Тој се осврна и договорот за јавно-приватно партнерство за осветлување, со што значајно ќе се подобри мрежата на јавно прометните површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места.

-Сакам да го искажам моето жалење за сите евентуални пропусти кои што ги направивме изминативе две години бидејќи верувајте ми дека не беше воопшто едноставно, ги знаете постоечките финансиски пресеци во општината, финансиската состојба во општината и верувам дека до средината на следната година ќе надминеме сите финансиски проблеми во општината. Воедно барам разбирање од граѓаните, знам дека секаде има голем број на комунални проблеми. Општина Куманово е најголемата општина во државата со најголеми комунални проблеми од сите аспекти, барам разбирање и трпение, ние работиме напорно и сакам да го трансформираме Куманово, да добие современ, модерен и урбан лик и да наликува на проевропски град, и заедно со Советот, тимот што работам ќе го направиме тоа-посочи градоначалникот на Куманово.

Тој истакна дека е задоволен од соработката со јавните претпријатија, меѓу што нагласи дека заеднички се реализирани неколку проекти. Реновиран е Зелениот пазар, започнато е уредување на Спомен Костурница, поставена е нова комунална опрема, замена на старите со нови електронски водомери, апарати и инструменти за откривање на подземни дефекти, нова опрема за пожарникарите.

Во образованието, отворен е нов објект на детската градинка „Ангел Шајче“ во Пионерски дом, преку проекти се реконструирни покривот на основното училиште „Вук Караџиќ“, доградба на простории за дневен престој за ученици со попрченост во ОУ „Браќа Миладиновци“, променети прозорци во „Христијан Карпош“, изградба на нови санитарни јазлик во „Вера Которка“ во село Клечовце, реконструкција во „Кирил и Методиј“ во село Романовце и други.

Со поддршка на Владата, започната е изградбата на пристапна инфраструктура во новата индустриска зона Новини, село Речица, изградена е нова спортска сала во „Јероним Де Рада“ во село Черкези, спортска сала во „Перо Наков“, а реконструирани се и неколку регионални и локални патишта. Пуштен е во употреба и новиот хируршки клинички центар во Општа болница Куманово.

-Лично сум задоволен од финансиските услови во кои што работевме, реализиравме голем број на проекти, ако ги споредиме со изминатите години, барем според број е далеку повеќе реализирано, но секогаш може повеќе да се постигне. Добар дел од проектите што се реализирани со поддршка на Владата, но исто така во делот на капиталните проекти и она што беше ветено во програмата се уште отсустуваат тие капитални проекти. Секогаш можеме да добиеме поголема поддршка, но морам да напоменам дека Владата обезбеди и финансиски средства за враќање на дел на долговите на оптшините, каде што влезе и нашата општина со 117 милиони денари средства кои се искористија за да се раздолжат обврските на основните и средните училишта и дел на тековните обврски на општината-истакна кумановскиот градоначалник.

Тој се надева дека во наредниот период ќе продолжи позитивната соработка со Владата и воедно ќе бидат импелемтнирани поголем број капитални проекти, за што веќе и упатиле барања.

Во поглед на културата, Куманово годинава беше прогласено за Град на култура за 2019 година, а со бројни настани, според градоначалникот на Куманово, достоинствено се одбележа јубилејот пет века постоење.

Општината годинава ја носи и титулата Град на спортот за 2019 година од Европската асоцијација на градови на спортот од Брисел, како престижно признание, кое се темели на досегашните спортски достигнувања, развојот на спортот, изградба на спортски објекти. Што се однесува до спортот, Димитриевски потенцираше дека се во тек активности за враќање на сјајот на Соколана и реконструкција на Спорската сала.

Општина Куманово годинава излезе и со печатено издание на отчетот, весник „За наше Куманово“ во кој се напишани реализираните проекти во изминатите две години.

admin

November 26th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *