Вести

Автоматска пушка, пиштоли и муниција пронајдени и одземени во Черкезе

Автоматска пушка, пиштоли и муниција пронајдени и одземени во Черкезе

Полицијата по спроведен претрес во две куќи во Черкезе , Куманово, пронајде и одзеде автоматска пушка, пиштоли и муниција. Според информациите на полицијата претресот бил извршен рано утрово  во 05.30 часот.  По судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес на неколку локации во Черкеско село.

Во домот на Б.И.  (38) биле пронајдени и одземени една автоматска пушка  и две рамки со 45 куршуми, а во домот на Н.Б. (58) биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Смит Венсон“ со рамка со осум куршуми, пиштол „Пат Енгл“ со рамка со шест куршуми, една рамка со осум куршуми калибар 7,62 мм и една ловна пушка  „Бајкал“ калибар 12х76 со четири патрони. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Н. и Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.

admin

June 22nd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *