Вести

До 13 часот во Куманово гласале 23,07 отсто од гласачите

До 13 часот во Куманово гласале 23,07 отсто од гласачите

Излезноста во Куманово до 13 часот, според податоците на Општинската изборна комисија ОИК Куманово, е 23,07 проценти,  соопшти претседателот на ОИК Звонимир Николовски.

Во Куманово право на глас на шестите локални избори имаат 92.639 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места.

Во општина Липково, до 13 часот според податоците на заменик претседателот на ОИК Оливера Цветковска  гласале 3.850 гласачи или 15.36 проценти. Според неа, гласањето се одвива непречено.

Во оваа општина право на глас имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.

Во општина Старо Нагоричане до 13 часот гласале 27,6 проценти. Вкупно во оваа општина право на глас имаат 3.428 гласачи кои гласаат на 37 избирачки места, соопшти заменик претседателот на ОИК, Иван Ангеловски, кој додаде дека гласањето се одвива без какви било проблеми.

radiobum

October 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *