Вести

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци

МВР распиша конкурс за вработување на 600 полицајци, а 50 од нив ќе бидат распоредени во СВР Куманово.

– Министерството за внатрешни работи согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни рабои и за полиција и подзаконските акти денес објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“, соопштува МВР.

Најголем дел од нив, 100 се за СВР Скопје, по 50 се за во Струмица, Охрид, Битола, Куманово и во Регионалниот центар за гранични работи Север. По 30 нови полицајци ќе има во Тетово, Велес, Штип, во Регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Единицата за брзо распоредување. По 20 нови полицајци се предвидени во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија;

-да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;

-активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;

-да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

-да е здравствено и психофизички способен и

-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

-висока лична физичка подготвеност.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во МВР на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Radio Bum

December 29th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *