Вести

Работниците со ниски примања до 22 000 денари може да аплицираат за бесплатен одмор

Работниците со ниски примања до 22 000 денари може да аплицираат за бесплатен одмор

Работниците чии вкупни месечни примања во семејството не се поголеми од 22.000 денари од денеска 17 јуни до 30 август можат да се пријават на јавниот повик што го објави Министерството за економија.

-Го објавивме огласот за поддршка на работниците со ниски приходи за и тие да имаат можност да користат годишен одмор. Веќе се направени договори со 25 хотели кои ќе ги примаат ваучерите што ќе бидат дадени од страна на Министерството. За таа намена се предвидени 20 милиони денари со што над 1.200 работници со ниски примања ќе можат да одат на одмор со нивните семејства, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека листата на хотелите во Струга, Охрид, Попова Шапка, Берово, Дојран и Преспа, со кои се склучени договори, може да се најде на веб страницата на Министерството за економија, заедно со условите кои се потребни за аплицирање на јавниот повик и ги повика работниците навреме да ги достават документите во Министерството за економија со цел да можат што поскоро да ги користат ваучерите.

admin

June 17th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *